SIA · LUXURY OF THE DAY

Луксузот на
малите нешта.

Рачно изработени производи што внесуваат топлина, мирис и елеганција во секојдневието. Создадени со љубов и внимание кон секој детал.

ИСТРАЖИ ЈА КОЛЕКЦИЈАТА →
Новогодишна SiA колекција со празнични свеќи во чаша, pillar свеќи и човече
SIA pillar свеќи — мазни цилиндри, ребрасти свеќи, зајчиња, Bubble и мече
OUR STORY

Нашата приказна

Јас сум Симона, хемичар и креатор на SIA. За мене, свеќите се мал ритуал што внесува топлина и убавина во секојдневието. Важно ми е што како живееме и како се осеќаме.

Секој производ го изработувам рачно, со внимание кон формата, мирисот и деталите. SIA е создадена за моментите што сакаме да ги подариме — себеси или на некој близок.

Зад SIA стои и мојата едукација — магистерски труд на тема „Етерични масла и нивна карактеризација“ во Словенија и акредитиран курс по фитокозметика во Белград.

Откриј ја колекцијата →
COLLECTION

Нашите производи

Изберете ја вашата колекција — мириси, форми и мали ритуали за секој ден.

Свеќа со сина етикетаSIA масажна свеќа — нанесување маслоДекоративни свеќиПодарочно пакување SIAСвеќа со црвена етикетаSIA свеќа во домашен амбиентМирисни дифузериSIA свеќи со подарочни кутииSIA Wax meltsSIA свеќа во бањаSIA свеќа со цветна етикета
Свеќа со виолетова етикетаSIA свеќа — амбиентална фотографијаSIA подарочен сетСвеќа со златна етикетаСвеќа на камен постаментМасажна свеќаПодарочни кутии SIAПодарочни сетови со декоративни свеќиКолекција SIA свеќи во чашаSIA свеќа покрај работна масаМасажна свеќа во спа амбиент
РАЗГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ ПРОИЗВОДИ →
КАТАЛОГ

Избери ја твојата колекција

Мириси, форми и мали ритуали — пронајди го твојот омилен производ.

ЗА ФИРМИ

Корпоративни подароци

Изработуваме подароци за настани и компании, со договор за производите, количината и деталите. За понуда и можности за персонализација, пишете ни на luxurybysimona@gmail.com со посакуваната количина и датум.

Прикачувањето датотека ќе биде достапно кога ќе го поврземе формуларот со веб-хостинг и е-пошта.

Оваа демо-верзија отвора е-пошта за рачно испраќање; не испраќа автоматски.
FAQ · SIA

Најчести прашања

01 / 08

Како да направам нарачка?

Изберете производ на нашата веб-страница, одберете go dostapniot miris I nijansa na etiketa и додајте го во кошничката. Narackata se podgotvuva istiot den I se ispraka naredniot den. Vo Rok od 3-4 dena narackata treba da pristigne. За помош или посебни барања, пишете ни на luxurybysimona@gmail.com.

02 / 08

Како правилно да ја користам и одржувам свеќата?

Пред секое палење на свеќата во чаша скратете го фитил на околу 6 mm. Ставете ја свеќата на стабилна, огноотпорна подлога, подалеку од провев и запаливи предмети. За свеќите важи правило од 2 метри. Не оставајте запалена свеќа во близина од 2 метри од облека, книги, завеси или други запаливи предмети. Не оставајте ја запалена без надзор и чувајте ја подалеку од деца и миленици.

Кога се пали свеќата доволно е да гори 1 час. Горење на свеќата повеќе од 2 часа во еден интервал не се препорачува. Следењето на правилата на употреба е важно, на тој начин ја продолжиме нејзината употреба и ќе избегнете нејзино уништување.

Свеќата не треба да гори подолго од 4 часа при едно палење. Горење на свеќата подолго од четири часа ги надминува препораките за безбедност.

03 / 08

Зошто природниот восок понекогаш има белузлави шари?

Белузлавите шари, познати како „frosting“, се појавуваат при кристализација на природниот восок, што преставува нормален процес. Температурните промени можат да ги направат позабележливи. Ова е естетска појава и само по себе не значи дека свеќата е расипана, напротив ефектот „frosting“ е појава единствено кај свеќите од природен восок.

04 / 08

Кои се придобивките од користење соини свеќи?

За разлика од другите свеќи, свеќите изработени од восок од соја имаат голема часовна меморија, тоа значи дека свеќите траат многу повеќе од досегашните свеќи на кои сме научени, односно парафинските. Времето на горење е околу 50% подолго од парафинскиот восок. Откако ќе ја изгаснеме свеќата ефектот на пријатниот мирис кои доаѓа од маслото и понатаму се чуствува. Восокот е нетоксичен и еколошки, не произведува канцерогени материи кога согорува, а отпадот е биоразградлив. Температурата на топење е ниска.

Восокот од соја се чисти со топла вода и детергент, не остава траги и флеки.

05 / 08

Како се оперделува времето на горење на соини свеќи?

Времето на горење зависи од составот, фитилот, големината на свеќата и правилната употреба, а во најголем дел од начинот на изработка.

Практично, времето на горење се одредува со тестирање во повеќе циклуси до 4 часа, со целосно ладење меѓу нив. Вкупното време е збирот на часовите во кои свеќата горела.

SIA свеќите се тестираат при секоја серија.

Преземи ја тест-картичката ↗
06 / 08

Како правилно да ја користам и одржувам масажната свеќа?

Следете го упатството на конкретната losion свеќа за топење и нанесување. Пред употреба запалете ја свеќата и оставете ја да ги достигне краевите на садот. Извегнувајте предолго загревање да не дојде до прегревање на маслото. Пред употреба изгаснете го пламенот и оставете ја свеќата ѝ – 2 минури да мирув и проверете ја температурата на мала количина. Чувајте ја затворена, на суво и ладно место, подалеку од директно сонце. Обична миризлива свеќа не е наменета за нанесување на кожа, освен свеќите кои се означени свеќи за масажа или лосион свеќи.

07 / 08

Како правилно да ги користам и одржувам дифузерите?

Дифузерот со стапчиња поставете го исправено на заштитена, стабилна површина, подалеку од сонце и извори на топлина. Освежете ги стапчињата така што секој 4 дена ќе ги превртувате внимателно. За поголема ефикасност поставете ги на место што се проветрува за подобра циркулација на мирисот.

08 / 08

Која е разликата меѓу мирисно и етерично масло?

Миризливите масла се концентрирани течни мириси што се користат како ароми на широк спектар на производи како што се свеќи, сапуни, парфеми, козметика и друго. Oд што се направени мирисните масла? Mирисни масла се комбинација од природни есенцијални масла, синтетички ароми и растворувачи.

Иако мирисните масла содржат природни компоненти како што се есенцијалните масла, тие се се подготвуваат хемиски. Сепак, убавината на работата со мирисни масла е во тоа што тие се формулирани да бидат безбедни во финалните производи и да делуваат конзистентно.

За разлика, есенцијалните масла се добиваат во долготраен хемиски процес на дестилација кои во некои случаи, можат да доживеат промени во мирисот, особено кога се горат во свеќи.

Професионалноста, наоѓа примена во правењето на свеќите при изборот на мирисните масла. Важно е да се користи мирисно масло без фталати односно мирисно масло збогатено со синтетички мирис кои нема нус појава при согорување.

Затоа е од големо значење познавањето на регулативи и следење на последни стандарди. SiA се придржува до строгиот стандард на RIFM (Истражувачки институт за мирисни материјали) во врска со безбедноста на мирисите, односно внимателно го избираме секое мирисно масло за транспарентно презентирање на свеќите како безбедни за околината.

Копчето отвора е-пошта со твоето прашање. Испрати ја од твојата апликација за е-пошта до luxurybysimona@gmail.com.

SIA · LUXURY OF THE DAY

Достава: 150 денари по нарачка.